Веруваме дека најубавите свадбени фотографии се оние што не ве потсетуваат само на тоа како изгледал денот, туку ви дозволуваат повторно да го почувствувате.
Endless Weddings е свадбен бренд за фотографија и филм, создаден со една едноставна идеа — да ставиме се што сакаме да создадеме на едно место и да изградиме тим кој ќе може секоја свадбена приказна да ја раскаже со истата посветеност, без разлика кој стои зад камерата.
Нашата приказна започнува пред повеќе од 10 години, кога Ѕвонко и Енџи ги направија своите први чекори во фотографијата. Со текот на годините, фотографијата прерасна од индивидуална страст во заедничка визија. Пред 5 години, таа визија го доби своето име — Endless Weddings.
Од тогаш, Endless постепено расте. Од првичната идеа на Ѕвонко и Енџи, денес зад брендот стои тим од повеќе фотографи, видеографи и креативци кои делат иста љубов кон фотографијата, чувството за момент и вниманието кон деталите. Секој член на тимот носи свој поглед и свој начин на раскажување, но стандардот и вредностите што ги градевме од почеток остануваат исти.
 
И тука не планираме да застанеме.
Нашата приказна продолжува да расте, а со неа и нашиот тим. Создаваме простор за нови луѓе, нови идеи и нови перспективи — без да го изгубиме она што не донесе до тука.
Од возбудата и тишината пред церемонијата, до смеата, солзите, прегратките и малите моменти помеѓу, го следиме Вашиот ден онака како што навистина се случува, без да го нарушуваме.
Затоа што највредните спомени не се само совршените фотографии. Тоа се погледите, допирите, луѓето, чувствата и сите оние мали нешта што можеби не сте ги забележале во моментот.
Нашата цел е едноставна.
Да создадеме фотографии и филм што ќе бидат вистински ваши — спомени на кои ќе се навраќате со истата емоција и по многу години.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ
Ѕвонко
енџи
алекасндар
марија
филип
Да ги претвориме вашите најубави моменти во спомени што траат.
Вашата приказна заслужува да биде раскажана.